Студио за архитектура, надзор и урбанизам, од 1990
Вектор 90
ДПГИ „Вектор 90“ ДООЕЛ Струмица, основана во 1990 година, е фирма која се занимава со проектирање објекти, надзор и урбанистичко планирање. Сопственик и управител на фирмата е Томе Тимов, дипл. инж. арх.
Во досегашното постоење, вработените во фирмата имаат работено различни проекти од областа на архитектурата и високоградбата, а за квалитетот на изведените работи сведочат признанијата и наградите за успешни проекти и реализирани објекти, добиени од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Основна дејност на фирмата е проектирање и надзор над изградбата на градежни објекти. За одредени инвеститори и објекти Вектор 90 врши организирање и водење на целата инвестиција.
Фирмата располага со сопствени деловни простории во центарот на Струмица. Освен вработените, во вршење на работите ангажира постојани надворешни соработници од различни области, кои имаат сопствени фирми, а покриваат поедини фази.
Награди и признанија
- 1995Признание на БИМАС 95 за придонес во областа на архитектурата и негување на современата архитектонска форма
- 1997Признание на БИМАС 97 за објектот „Крстилница“ во Струмица
- 2000Признание на БИМАС 2000 за успешна реконструкција на сакрален објект
- 2002Прва награда за проектот на управната зграда на СО Босилово
- 2003Годишна награда на РМ за реализираниот објект на управната зграда на СО Босилово
- 2004Гран при за реализиран објект на БИМАС 2004
- 2007Втора награда за идеен проект за доградба, надградба и адаптација на Собранието на Република Македонија